Легендарниот лев бек на Реал Мадрид, Марсело, неодамна го раскина договорот со Флуминенсе, но тој со полни 36 години не ни помислува на крај на кариерата.
Бразилецот би можел да ја продолжи кариерата во Европа, повторно во шпанската Ла Лига, бидејќи има понуда од Леганес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Марсело го напушти Реал во летото 2022 година, потоа беше во Олимпијакос, а од февруари минатата година го носеше дресот на Флуминенсе.
Еден од најдобрите бекови на светот на сите времиња е многу поврзан со Шпанија. Неговиот син живее во Мадрид и игра во младинските категории на “кралскиот клуб”.
Бидејќи Леганес е екипа од предградието на Мадрид, јасно е дека оваа приказна има силна основа.
Марсело потекнува од Флуминенсе, а за Реал играше од 2007 до 2022 година и повеќепати ги освои сите можни титули.