
Фудбалскиот клуб Ливерпул означи нова цел за летниот преоден рок, и тоа е стоперот – Нико Шлоторбек!
Оваа вест ја пренесе сигурниот уредник на германски „Билд“, Кристијан Фалк, кој тврди дека Ливерпул го гледа 25-годишниот Германец како идеален наследник на Вирџил ван Дајк.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Холанѓанецот сѐ уште нема потпишано нов договор, но сите во Ливерпул се надеваат дека ќе го направи тоа, сепак, тој летово полни 34 години и е јасно дека влегува во последната фаза на кариерата.
Шлоторбек има 25 години, а особено импресионираше минатата сезона кога како водач на одбраната ја предводеше Борусија до финалето на Лигата на шампионите.
Тој има договор до летото 2027 година, заработува пет милиони евра по сезоната, што не претставува никаков проблем за Ливерпул. Напротив, „црвените“ се подготвени да понудат уште посилен, повеќегодишен договор.
Во секој случај, Шлоторбек никогаш не играше надвор од Германија, развивајќи се во Штутгарт, потоа играше и во младинскиот тим на Карлсруе, Фрајбург, Унион Берлин, а од летото 2022 година е член на Борусија.
За репрезентацијата на Германија одигра 18 натпревари.