Дома Фудбал Изјава која ја подели јавноста: Светското клупско првенство наскоро ќе биде поважно од Лигата на шампионите!

Изјава која ја подели јавноста: Светското клупско првенство наскоро ќе биде поважно од Лигата на шампионите!

Енцо Мареска е пресреќен по освојувањето на вториот трофеј во својата деби сезона со Челзи.

По освојувањето на Европската конференциска лига, Челзи го подигна и уште поважниот трофеј – Светското клупско првенство.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Челзи се запиша како првиот тим кој триумфираше на овој нов турнир, а според Енцо Мареска, овој успех во иднина ќе се мери со престижот на Лигата на шампиони.

“Им кажав на играчите дека Светското првенство ќе биде исто толку важно, ако не и поважно, од трофејот во Лигата на шампиони. Оваа манифестација има огромно значење и со текот на времето ќе добие уште поголемо,” истакна Мареска.

Италијанецот со ова само ги продлабочи ставовите на веќе поделениот навивачки свет, кој го гледа овој турнир како комерцијален потфат и дел од спортскиот бизнис.

Што мислите, дали Светското првенство на секои четири години, каде што 32 екипи од целиот свет се борат за титулата, ќе може да го замени приматот на Лигата на шампиони во која учествуваат 36 од најдобрите европски тимови секоја година?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо ќе има за трошење: Реал Мадрид оствари огромна заработка!

Иако поразот на Реал Мадрид во полуфиналето на Светското првенство ја намали очекуваната з…