Дома Фудбал Издвоени се 150 милиони евра за најскапиот трансфер на Реал во сите времиња!

Издвоени се 150 милиони евра за најскапиот трансфер на Реал во сите времиња!

Реал Мадрид прилично добро изгледа откако е тука Алонсо, но многумина сугерираат дека кралскиот клуб има некои сериозни проблеми во средниот ред и дека таму нешто треба да се промени.

Нормално, не е лесно да се заменат Тони Крос и Лука Модриќ, за што Флорентино Перез има вистински маки. Сепак, изгледа дека е спремен конечно да го реши горливото прашање и тоа така што ќе оддели дури 150 милиони евра!

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Метата на Флорентино Перез ова лето беше Родри, освојувач на Златната топка од 2024 година, за кого претседателот на Кралевите беше спремен да понуди 100 милиони евра.

Граѓаните не прифатија, но работите би можеле да се променат следното лето. Според шпанските дневни весници Мундо Депортиво, кои се повикуваат на Мадрид Универсал, Реал Мадрид повторно ќе се обиде да го донесе 29-годишниот средњак на крајот од оваа сезона.

Перез е спремен да собере до 150 милиони евра, износ што би станал речиси неодолив, имајќи го предвид фактот дека Родри на крајот од сезоната ќе наполни 30 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После Де Брујне и Хојлунд, Наполи носи нова ѕвезда од Премиер Лигата

Наполи, под раководство на Антонио Конте, сериозно се насочи кон засилување на десната стр…