Дома Фудбал Избран најдобриот фудбалер во Реал Мадрид за изминатата сезона

Избран најдобриот фудбалер во Реал Мадрид за изминатата сезона

Килијан Ембапе беше прогласен за најдобар играч на Реал Мадрид од страна на навивачите.

Со постигнати 43 голови во 56 натпревари, тој беше меѓу најистакнатите фудбалери во освојувањето на Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на Европа. Сезоната ја заврши како најдобар стрелец во лигата со 31 гол и ја освои Златната копачка.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Голема е честа и значаен момент за мене. Сакам да се заблагодарам на сите навивачи на Реал и на сите што гласаа за мене. Мојата прва сезона во Шпанија е ново искуство за мене и како фудбалер и како личност“, изјави Ембапе.

„При доаѓањето, требаше да се прилагодам на тимот, на земјата, на новиот јазик и култура. Сега се чувствувам одлично и тоа се забележува на теренот. Пресреќен сум во Реал Мадрид“, додаде тој.

Со нетрпение го очекува Светското клупско првенство.

„Првпат ќе учествуваме на вакво натпреварување и многу сме возбудени. Тоа е шанса да станеме светски шампиони со клубот. Очекувам натпреварувањето во Соединетите Американски Држави да биде извонредно. Светот ќе го следи и ние ќе се обидеме да триумфираме“, рече Ембапе.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И последната пречка за трансферот на Рашфорд во Барселона падна

Крилото на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд може да се смета за сигурно ново засилување н…