Дома Фудбал Италијанскиот гигант нуди 40 милиони евра на Реал Мадрид, Нико Паз останува во Серија А!

Италијанскиот гигант нуди 40 милиони евра на Реал Мадрид, Нико Паз останува во Серија А!

Според италијанските медиуми, Нико Паз може да остане во Серија А, но ќе го напушти Комо.

Реал Мадрид има право да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра, што имајќи ја предвид неговата сегашна вредност, сигурно ќе го направи тоа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, уште не е јасно дали Паз ќе остане во Мадрид или ќе биде препродаден, тоа ќе зависи и од тренерот кој во тој момент ќе го предводи „кралскиот клуб“.

Италијанските медиуми откриваат дека Интер има план како овој фантастичен фудбалер да остане во Серија А.

Тие ѝ нудат на Реал Мадрид 40 милиони евра и се потпираат на Хавиер Занети.

Легендата на Интер е во одлични односи со семејството Паз, па играат на таа карта кога станува збор за овој трансфер.

Паз оваа сезона во дресот на Комо на 29 натпревари постигна 10 голови и забележа шест асистенции.

Аргентинецот има само 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скршениот Родриго: Секогаш сум се плашел токму од оваа повреда

Крилото на Реал Мадрид и на македонската репрезентација на Бразил Родриго објави емотивна …