
Италијанската тенисерка Лукреција Стефанини беше елиминирана во квалификациите за турнирот на Индјан Велс, но пред натпреварот откри дека примила закани со оружје за да изгуби.
Дваесет и седумгодишната Стефанини, која се наоѓа на 138. место на светската ранг-листа, настапи во првото квалификациско коло против Викторија Хименез Касинцеева. Таа пред почетокот на натпреварот добила заканувачка порака преку WhatsApp.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Непозната личност и се заканила на неа и на нејзиното семејство, и испратила фотографија од пиштол, барајќи да загуби натпреварот.
Стефанини го освои првиот сет со резултат 6:4, но потоа го загуби следните два сета со 6:4, 6:4, и беше елиминирана од квалификациите.
“Околу еден час по полноќ примив порака преку WhatsApp. Закануваа дека не смеам да победам, ги споменаа моите родители и местото каде сум родена, а испратија и слика од пиштол. Сето ова го пријавив на ВТА, тие ми организираа превоз со автомобил и придружба за да се чувствувам безбедно. Што се однесува до натпреварот, се борев до последната точка. Пораките ги пријавив и во полиција”, изјави Стефанини.