
Баерн Минхен бара нов централен дефанзивец, а главна цел на баварците е Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд.
Уште повеќе, изгледа дека на дефанзивецот од “Сигнал Идуна Парк” му се допаѓа идејата да потпише со големиот ривал! Со текот на годините, баварците „украдоа“ од Борусија многу важни фудбалери, како најпознатите имиња Роберт Левандовски, Матс Хумелс, Марио Гетце и Рафаел Герейро.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Секако, имаше и играчи кои не посакаа да преминат кај големиот ривал, како најпознатиот пример – Марко Ројс, кој остана на “Сигнал Идуна Парк” до 2024 година кога се раздели со Дортмунд и потпиша со ЛА Галакси во МЛС.
Исто така, и други фудбалери, кои тогаш се сметаа за млади таленти, како Ерлинг Холанд, Џуд Белингам, Осман Дембеле или Џејдан Санчо, одбија трансфер во Баерн, претпочитајќи нови предизвици во други врвни лиги во Европа.
Истото сценарио изгледаше како да ќе следи и за Нико Шлотербек, моментално највисоко оценетиот дефанзивец на тимот, кој го води Нико Ковач (40 милиони евра – Transfermarkt), кој повеќепати изјавил дека е исклучително приврзан кон клубот од Вестфалија и ако реши да ја напушти Борусија, следната му дестинација би била надвор од границите на Германија.