
Медиумите во Саудиска Арабија се занимаваат со судбината на Александар Митровиќ, ѕвездата на Ал Хилал.
Најдобриот стрелец на репрезентацијата на Србија наводно е на излезните врати од клубот во кој помина последните две сезони.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Симоне Инзаги, новиот тренер на големиот клуб од Саудиска Арабија, не смета на услугите на српскиот напаѓач и поради таа причина Митровиќ ќе се врати во Европа, поточно во Англија.
Два клуба од Премиер лигата се заинтересирани за неговите услуги. Митровиќ пред да замине во Ал Хилал го носеше дресот на Фулам, а пред тоа и на Њукасл.
Минатата сезона Александар одигра 36 натпревари за Ал Хилал и постигна 28 гола со седум асистенции.