
Николо Барела веќе неколку години е еден од најдобрите фудбалери на Интер и италијанската репрезентација, минатата година потпиша нов договор со клубот од Милано до 2029 година, но и тој и Интер летово ќе бидат пред големо искушение.
Имено, неколку италијански медиуми пренесуваат дека актуелниот шампион на Саудиска Арабија, Ал Хилал, многу сака овој одличен играч за врска да го доведе во своите редови.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Интер веќе добил понуда за обештетување, чија сума не се споменува, а Барела годишна плата од 18.000.000 евра. Барела ја одбил таа понуда, но сега пристигна втора, и тоа од дури 35.000.000 евра по сезона.
Барела во Интер заработува 6.500.000 евра годишно и јасно е колку е оваа понуда астрономска и колку ќе биде тешко да се одбие.
Николо Барела има 28 години, пред него се уште многу сезони на врвен фудбал, играњето во Интер му го гарантира тоа, но останува да се види дали ќе остане имун на оваа фантастична сума што му ја понуди тимот за кој настапуваат Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ.
Ал Хилал моментално е на второто место во саудиското првенство со 57 поени, четири помалку од лидерот Ал Итихад. Клубот го води Португалецот Жорже Жесус, кој овие денови се спомнува и како сериозен кандидат да стане селектор на Бразил.