
Интер ја одби понудата од Галатасарај за играчот од средината на теренот Хакан Чалханоглу, тврди Calciomercato. Изворот не го наведува точниот износ на понудата, но објаснува дека таа била под 25 милиони евра. Освен тоа, лидерот во Серија “А” не сака да се раздели со искусниот полуиграч во средината на сезоната.
Договорот на Чалханоглу е до летото на 2027 година, но според Николо Скира управата наскоро ќе започне преговори со турскиот репрезентативец за продолжување на договорот до 2028 година со можност за дополнителни 12 месеци.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Резервната опција на Галатасарај за средната линија на теренот е друг играч од милански клуб. Станува збор за Јусуф Фофана од Милан. Според информациите, претставниците на истанбулскиот гигант се сретнале со агентот на играчот и му понудиле подобри услови од оние што ги има во моментот. Поранешниот играч на Монако нема намера да се пресели во Турција.