Дома Фудбал Инфантино има идеја: ФИФА сака драстично да го промени правилото за офсајд?!

Инфантино има идеја: ФИФА сака драстично да го промени правилото за офсајд?!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, неодамна најави возможно револуционерно преобликување на фудбалот со потенцијални промени што би ја трансформирале оваа спортска дисциплина.

Имено, првиот човек на светскиот фудбал изрази желба да го промени правилото за офсајд, со цел да фудбалот стане поправеден и поатрактивен за љубителите на спортот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според Инфантио, имплементацијата на технологијата ВАР имаше за цел да обезбеди точност во судиските одлуки, со што би се избегнале јасните грешки што ги гледаат милиони луѓе ширум светот. Меѓутоа, Инфантино оцени дека одлуките за офсајд на многу мал број милиметри предизвикуваат незадоволство кај играчите, тренерите и навивачите.

Поради тоа, ФИФА разгледува идеја со која офсајд би бил во сила само ако напаѓачот е целосно пред последниот играч од дефанзивата, наместо да се придава важност на минимално испакнатиот дел од телото, како рамото или коленото.

Оваа можно измена, како што истакна тој, би овозможила постигнување на повеќе голови, помалку контроверзии и јасни одлуки, со што би се зачувал духот на играта додека се искористуваат придобивките од современата технологија.

Доколку овој предлог биде прифатен, игрите какви што ги познаваме драстично би се промениле, воведувајќи го фудбалот во сосем нова ера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид повторно се заинтересира за Марк Геи, остварен е контакт со неговите агенти

Од Реал Мадрид го обновиле интересот за Марк Геи и дури ги известиле неговите претставници…