Дома Останати Ракомет ИХФ ги изрече казните: Македонија може да остане и без публика!

ИХФ ги изрече казните: Македонија може да остане и без публика!

Светската ракометна федерација (ИХФ) донесе одлука да изрече дисциплински мерки по инцидентите што го одбележаа натпреварот меѓу Холандија и Македонија во рамките на второто коло од Светското првенство.

Инцидентите во салата во Вараждин, кои беа предизвикани од реакциите на публиката по одредени одлуки на данските судии, резултираа со одлука на ИХФ да затвори дел од трибините за следниот натпревар на македонската репрезентација.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Според официјалното соопштение, трибините што се наоѓаат непосредно над клупите на стручните штабови на двете екипи ќе останат затворени за публика на наредните натпревари. Дополнително, ИХФ наложи зголемување на обезбедувањето на сите преостанати натпревари за да се спречат слични инциденти во иднина.

Федерацијата истакна дека доколку се повторат вакви или слични инциденти, Македонија би можела да се соочи со уште посериозни санкции, вклучително и целосно празни трибини за нејзините натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…