Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ беше исвиран на „Сан Сиро“ по повод 125-годишнината од основањето на клубот. Иако беше еден од најомилените играчи на навивачите на Милан, јасно е дека најстрасните поддржувачи не се задоволни од начинот на кој ги извршува обврските и од резултатите на екипата.
Ибрахимовиќ е советник на сопственикот Џери Кардинале, но всушност тој е човекот кој најмногу решава за трансферите, па затоа неодамна Антонио Д’Отавио поднесе оставка на местото спортски директор. Кога неговото лице се појави на екранот на „Сан Сиро“, навивачите му упатија свирежи, на што Ибрахимовиќ само се насмевна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан и Џенова одиграа натпревар без голови (0:0), а „росонерите“ се заблагодарија на легендите како Франко Барези, Филипо Инзаги, Марко ван Бастен и други.
„Да ги поздравиме нашите шампиони – симболи на Милан кој веќе не постои“, пишуваше на паролата на навивачите.
“Rendiamo onore ai nostri campioni. Simboli di un Milan che non esiste più”
— Antonio Vitiello (@AntoVitiello) December 15, 2024
Striscione della Curva Sud del Milan a San Siro durante la cerimonia di premiazione per van Basten, Baresi e Inzaghi a San Siro pic.twitter.com/ztBAARcOts