Дома Фудбал Ибрахимовиќ нудеше помош за Олмо, но Лапорта веќе го заборави тоа

Ибрахимовиќ нудеше помош за Олмо, но Лапорта веќе го заборави тоа

Барселона пред неколку дена му соопшти на Френки де Јонг дека оди на трансфер листа затоа што сè уште не дал одговор околу продолжувањето на договорот. Има интерес за Холанѓанецот, а првата понуда ја испрати Милан, што не ги задоволи апетитите на каталонскиот клуб.

Де Јонг пристигна во Барселона како големо засилување во 2019 година од Ајакс и беше платен над 80 милиони евра, но очекувањата не успеа да ги исполни.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Веќе некое време се пишува дека Барселона сака да се ослободи од Де Јонг. Минатото лето за него беше заинтересиран Манчестер Јунајтед чија понуда Каталонците ја прифатија, но Де Јонг на крајот го одби трансферот.

Главниот проблем е тоа што тој не сака да преговара околу новиот договор, поради што во Барселона се сомневаат дека планот на Де Јонг е да остане до летото 2026 година и по тоа да го напушти клубот без обештетување.

Поради тоа, Жоан Лапорта неодамна реагираше и му соопшти на Де Јонг дека оди на трансфер листа и дека клубот ќе го продаде до крајот на јануари ако пристигне прифатлива понуда.

Интересот за него го обнови Манчестер Јунајтед, но во трката се вклучи и Милан. Златан Ибрахимовиќ го контактира Деко за да се распраша за Де Јонг и доби потврда дека холандскиот играч од средината е на продажба.

Ибрахимовиќ оствари разговор со челниците на Милан и се согласија да испратат официјална понуда за Де Јонг.

„Ел Национал“ пишува дека „Росонерите“ понудиле на Барселона 25 милиони евра кои би ги платиле веднаш, а остатокот од десет милиони би бил исплатен во неколку рати.

Сепак, на изненадување на Ибрахимовиќ, оваа понуда беше одбиена, што не му се допадна на Швеѓанецот затоа што неодамна сам нудеше да помогне на Барса околу Дани Олмо. Нудеше Олмо да дојде во Милан бесплатно, но да потпише договор само на шест месеци и на лето да се врати во Барселона, што го изненади Лапорта позитивно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубовите и навивачите разочарани кога слушнаа каде ќе се игра Светското клупско првенство во 2029 година.

Светското клупско првенство оваа година за првпат се играше во нов формат откако FIFA вове…