Дома Фудбал Ибрахимовиќ им одржал лекција на Консеисао и Калабрија по скандалот против Парма

Ибрахимовиќ им одржал лекција на Консеисао и Калабрија по скандалот против Парма

Италијанскиот печат денес пренесува повеќе детали за недоразбирањата помеѓу тренерот на Милан, Сержио Консеисао, и дефанзивецот Давиде Калабрија на крајот од натпреварот против Парма (3:2), истакнувајќи дека Златан Ибрахимовиќ морал да интервенира за да се смират работите.

Португалскиот тренер и капитенот на Милан за малку не се пресметале физички на крајот од натпреварот, а поранешниот шведски играч, сега менаџер на Милан, директно отиде во соблекувалната по јавното несогласување на тренерот и играчот, и ги „построи“ за да одржат разговор.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓



Ибрахимовиќ пo скандалот ги испрати Калабрија и Консеисао да разговараат со новинарите, за да спречи ескалација на проблемот, а потоа самиот разговарал со Консеисао добри 30 минути, поради што португалскиот тренер задоцни на прес-конференцијата.

Првично се зборуваше дека на Консеисао не му се допаднала реакцијата на Калабрија по измената, но италијанските медиуми наведуваат дека бесот на тренерот настанал поради коментарите на играчот за време на славењето на тимот.

Во секој случај, Калабрија го направи тоа што го побараше од него Ибрахимовиќ, разговараше со новинарите и се обиде да ги смират работите.

“Искрено, вакви работи се случуваат на теренот, недоразбирање меѓу нас двајцата. Многу ни е важно играњето. Адреналинот беше висок, но сè решивме, не е првпат ниту последен да се случува вакво нешто. Се извинувам, бидејќи не беше убаво”, изјави Калабрија.

Од друга страна, Консеисао повтори дека вакви работи се случуваат и дека играчите понекогаш се како деца кои се однесуваат несоодветно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефанзивец на Барселона се повреди – ќе паузира три недели!

Дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен се соочил со уште една пречка во своето враќ…