Дома Фудбал И тој е само човек: Салах долго не памети статистика каква што имаше против ПСЖ

И тој е само човек: Салах долго не памети статистика каква што имаше против ПСЖ

Мохамед Салах е главен кандидат за освојување на Златната топка со оглед на нивото на игрите што ги прикажува оваа сезона, но синоќа против ПСЖ покажа дека, сепак, е само човек.

Египќанецот синоќа на Паркот на принцовите беше невидлив. Статистичките категории на ѕвездата на Ливерпул беа исполнети со „нули“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Салах, кој оваа сезона постигна 30 гола и 22 асистенции во 40 одиграни натпревари, беше заменет во 86. минута откако практично не постоеше на теренот.

Салах ја имал топката во свој посед 41 пат и запишал 19 додавања.

Ниту едно од додавањата не беше клучно за шанса пред противничкиот гол, ниту еден од двата центаршута не беше прецизен, не упати ниту еден удар, а особено разочарувачка е статистиката кога станува збор за дуелите со противниците.

Салах четири пати се обиде да издрибла и сите четири пати ја загуби топката, а ги загуби и сите осум дуели за топка.

Вкупно 16 пати ја загуби топката, а поголемиот дел од тоа на теренот го упропасти против Нуно Мендес, кој синоќа целосно го заустави Египќанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаскојн за алкохолизмот: Никогаш нема да престанам да пијам

Пол Гаскојн, англиска фудбалска легенда, отворено призна дека цел живот се бори со зависно…