Дома Фудбал И навивачите на Барселона останаа без зборови поради одлуката на Левандовски: Или тоа или одам во пензија!

И навивачите на Барселона останаа без зборови поради одлуката на Левандовски: Или тоа или одам во пензија!

Роберт Левандовски е поврзан со премин во Милан кој е веќе подготвен да го ангажира Полјакот уште во јануари. Меѓутоа, одлуката која Левандовски ја донесе не се очекуваше во светот на фудбалот.

Левандовски во летото 2022 година за 45 милиони евра од Бајерн дојде во Барселона што беше одличен потег на Каталонците бидејќи во претходните три сезони беше еден од најдобрите играчи на овој тим.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Иако Полјакот оваа сезона имаше одредени проблеми со повреди покажа дека голгетерската способност не ја губи бидејќи за викендот во Виго постигна хет-трик во победата на Барселона над Селта (2:4).

Но, веќе некое време се шпекулира дека Барселона наредното лето сака да донесе помлад напаѓач и дека Левандовски нема да му го продолжат договорот.

Поради тоа, се појави информација дека одредени клубови покажале голем интерес за Левандовски, а тука најмногу се издвојува Милан кој е подготвен уште во јануари да испрати понуда за Полјакот.

Покрај Росонерите, искусниот напаѓач е поврзан и со клубови од Саудиска Арабија кои нудат богатоство на Левандовски да продолжи со кариерата во таа земја наредното лето.

Но, иако многумина би биле заинтересирани барем за понудата на Милан, Левандовски на почетокот сето тоа го одби и донесе одлука која дури и навивачите на Барселона ги остави без зборови.

Имено, прво Левандовски му порача на неговиот агент дека не го интересираат други понуди и дека ќе го чека до последен момент одлуката на Барселона за новиот договор бидејќи имаат клаузула да може соработката да ја продолжат за барем уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се засилува со ѕвезда на Баерн

Милан во зимскиот преоден рок сака да го засили тимот, а приоритет ќе биде доведување на и…