![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-04-125858-850x491.jpg)
Резултатите од обдукцијата на младиот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ сè уште се чекаат, но шпанската полиција смета дека се работи за несреќен случај.
Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој ја исчезна во ноќта на 1 февруари во Аликанте, Шпанија, било пронајдено во понеделник попладне во водите на пристаништето во тој град, извести порталот Informacion.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Откако беше потврдена веста за неговата смрт, на социјалните мрежи се огласи и неговата сестра Јања.
„Брате, единствен мој, око мое, ангелу. Се обидов сè, но не успеав. Те сакам засекогаш!!! Добро момче, почивај во божји мир“, напиша таа на социјалната мрежа.
Резултатите од обдукцијата сè уште се чекаат, но шпанската полиција смета дека станува збор за несреќен случај.
Јаков, кој инаку живеел во швајцарскиот град Цермат, последен пат бил виден во ноќниот клуб Упикум, по што му се губи секоја трага.
Во Шпанија бил бидејќи неговиот фудбалски клуб ФК Гранж-Пако од Швајцарија таму играл натпревар.
Друштвото, по посетата на споменатиот диско Упикум, се упатило кон хотелот, но Јаков морал да се врати во локалот бидејќи таму ја заборавил јакната. Швајцарските медиуми пишуваат дека пријателите во сабота наутро сфатиле дека го нема во собата. Тоа им било сомнително па го пријавиле неговото исчезнување, наведува Јутарњи.
Полицијата во текот на истрагата успеала да го лоцира момчето на снимка од безбедносна камера на која се гледа како сам оди кон подрачјето Дигитал Дистрикт во пристаништето на Аликанте. Токму на тоа место е прекинат и сигналот од неговиот мобилен телефон.
Следното утро полицијата го пронашла неговото тело на длабочина од околу два метра, на крај на пристаништето Дигитал Дистрикт.