Јаков беше во Шпанија на фудбалски турнир со својот клуб од Швајцарија, инаку во градот Церматт игра за локалниот нисколигаш.
Младиот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ исчезна во шпанскиот град Аликанте во ноќта меѓу петок, 31 јануари, и сабота, 1 февруари. Апел за помош прати неговата сестра Јања на социјалните мрежи, која замоли сите кои имаат било каква информација за движењето на брат ѝ да ја информираат полицијата и неа лично преку социјалните мрежи.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Јаков беше во Шпанија на фудбалски турнир со својот клуб од Швајцарија, инаку во градот Церматт игра за локалниот нисколигаш. Откако го одиграле натпреварот во петок, сите заминале во ноќниот клуб Упикум во градот Церматт, каде што Јаков Јелкиќ последен пат бил виден околу 2:50 часот и потоа му се загуби секоја трага.
– Јаков е висок 1,77; има 70 килограми и е со витка атлетска градба.. Има плава коса. Јања моли сите што знаат каде е, да се јават на телефонскиот број 0041 76 546 40 09 – пренесе Феникс Магазин.de.