Дома Фудбал Хрватски фудбалер мистериозно исчезна во Шпанија: Неговата сестра моли за помош

Хрватски фудбалер мистериозно исчезна во Шпанија: Неговата сестра моли за помош

Јаков беше во Шпанија на фудбалски турнир со својот клуб од Швајцарија, инаку во градот Церматт игра за локалниот нисколигаш.

Младиот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ исчезна во шпанскиот град Аликанте во ноќта меѓу петок, 31 јануари, и сабота, 1 февруари. Апел за помош прати неговата сестра Јања на социјалните мрежи, која замоли сите кои имаат било каква информација за движењето на брат ѝ да ја информираат полицијата и неа лично преку социјалните мрежи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јаков беше во Шпанија на фудбалски турнир со својот клуб од Швајцарија, инаку во градот Церматт игра за локалниот нисколигаш. Откако го одиграле натпреварот во петок, сите заминале во ноќниот клуб Упикум во градот Церматт, каде што Јаков Јелкиќ последен пат бил виден околу 2:50 часот и потоа му се загуби секоја трага. 

– Јаков е висок 1,77; има 70 килограми и е со витка атлетска градба.. Има плава коса. Јања моли сите што знаат каде е, да се јават на телефонскиот број 0041 76 546 40 09 – пренесе Феникс Магазин.de.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двe причини поради кои Серхио Рамос ќе потпише за Милан

Како што пренесуваат италијанските медиуми, пред сè Скај, Милан сака да го засили тимот и …