Дома Фудбал Хит: Вака изгледа кога фудбалер моли судија да не му покаже жолт картон (Видео)

Хит: Вака изгледа кога фудбалер моли судија да не му покаже жолт картон (Видео)

МЛС-лигата, позната по иновациите и желбата да привлече што поголем број гледачи ширум светот, неодамна воведе „Ref cam“, камера која се носи на опремата на судијата и го снима натпреварот од неговата перспектива.

Оваа технологија им овозможува на фановите да ја видат играта од „прво лице“ на судијата, додека лигата редовно објавува најинтересните моменти од теренот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најновиот вирален момент се случи на мечот меѓу Синсинати – Орландо Сити (1:1). Во 86. минута, штоперот на Орландо Родриго Шлегел го направи прекршокот пред неговиот казнен простор. Судията Росендо Мендоза беше во непосредна близина и без двоумење посегна кон џебот, покажувајќи жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …