Дома Фудбал Хет-трик на Миовски во Шкотскиот куп (ВИДЕО)

Хет-трик на Миовски во Шкотскиот куп (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Глазгов Ренџерс постигнувајќи хет-трик.

Тој трите гола ги постигна на дуелот од 1/16 финалето на Шкотскиот куп против екипата на Анан Атлетик.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Првиот гол Миовски го постигна во 12.минута со што ја отвори серијата, а 20 минути подоцна беше стрелец и на вториот гол за водство од 2:0. На почетокот на вториот дел Глазгов Ренџерс поведе со 3:0, а третиот гол или четврти за неговиот тим Миовски го постигна откако реализираше удар од белата точка.

Конечните 5:0 беа поставени во самиот финиш на дуелот, а Глазгов Ренџерс успеа да се пласира во осминафиналето од куп натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скршениот Родриго: Секогаш сум се плашел токму од оваа повреда

Крилото на Реал Мадрид и на македонската репрезентација на Бразил Родриго објави емотивна …