Дома Фудбал Хари Кејн ќе ги одбие апетитите на Барселона и ќе остане во Баерн

Хари Кејн ќе ги одбие апетитите на Барселона и ќе остане во Баерн

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, одлучи да остане во тимот и следната година, информира весникот „Билд“.

Англичанецот има договор до летото 2027 година, но следното лето ќе биде активна неговата откупна клаузула во висина од 57 милиони фунти, што би можело да биде доста примамлива можност за многу од големите тимови во Европа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Главен фаворит за потписот на Кејн беше Барселона. Сегашниот централен напаѓач на тимот, Роберт Левандовски, има договор кој истекува и многу е веројатно дека следното лето на „Камп Ноу“ ќе бараат нов играч за на врвот на нападот. Според „Билд“, Кејн одлучил дека повеќе би сакал да остане во Баерн, наместо повторно да ја менува средината и многу е веројатно дека ќе се согласи да потпише продолжување на неговиот договор со баварскиот клуб. Англичанецот се има добро приспособено во Германија и се чувствува добро во Минхен со своето семејство, што е една од главните причини што не сака да замине. Хари Кејн игра извонредна сезона и досега има постигнато 28 голови во 23 натпревари од почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк ќе биде минато, Ливерпул за 100.000.000 добива две засилувања

Францускиот стопер Жереми Жаке вчера беше официјално потврден како новиот стопер на Ливерп…