Дома Фудбал Хари Кејн одговори дали планира враќање во Премиер лигата

Хари Кејн одговори дали планира враќање во Премиер лигата

Голгетерот на Бајерн Хари Кејн ги отфрли шпекулациите дека уште ова лето има намера да се врати во Премиер лигата. Еден од главните мотиви што се истакнуваат за евентуалниот негов камбек е амбицијата на напаѓачот да го подобри познатиот рекорд на Алан Ширер за најмногу голови во Премиер лигата – 260.

Запрашан дали размислува еден ден да се врати во англиското првенство, Кејн изјави за ESPN:

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


“Не сум сигурен. Во текот на целата моја кариера велам дека не сум човек кој сака да размислува премногу далеку напред. Многу сум среќен тука. Мислам дека имаме фантастичен тим, фантастичен тренерски кадар и просто чувствувам дека додека се чувствувам во најдобра форма, сакам да играм на можеби највисоко ниво. А тоа е можеби највисокото. Знам дека многу работи можат да се променат и да се случат во фудбалот за кратко време, но мојот фокус е тука. Не размислувам за друга лига или за друг тим. Во фудбалот сакам едноставно да се движам со текот и моментално тоа е тука, во Бајерн.

Мислам дека кога секоја сезона играш во најголемите натпревари, тоа те поставува на друго ниво. Исто така имавме и во Тотенхем моменти кога тоа го правевме. Имавме неколку одлични години, во кои се боревме за трофеи и бевме на финале во Лигата на шампионите. Но тоа не беше постојано. Не беше секоја година. Ова е мојата втора сезона во Бајерн и имаме шанса за вторпат по ред да бидеме на полуфинале во ЛШ, како и повторно водиме борба за титулата. Бајерн се смета за еден од најголемите клубови во светот и е возбудливо да се игра за него”.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …