Дома Фудбал Ханси Флик: Не игравме на посакуваното ниво, но…

Ханси Флик: Не игравме на посакуваното ниво, но…

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, даде изјава по победата на неговиот тим со 0-2 против Лас Палмас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Флик не беше целосно задоволен од перформансот на своите фудбалери, но сепак истакна дека е задоволен од освоените три бода.

„Се чувствувам некако уморен од овој меч. Ме исцрпи затоа што не одигравме најдобро. Тежок натпревар, од кој најважно е тоа што победивме. И кога не сме најдобри имаме играчи на клупата кои добиваат шанса да покажат што знаат. Голот на Олмо беше многу важен и за нас и за него. Неговото појавување на теренот беше многу позитивен момент“, изјави Флик

По оваа победа, Барселона се врати на врвот на табелата, со еден бод предност пред Атлетико Мадрид кој е на второто место.

„Мислам дека 5-10% секогаш зависат од поседот на топката и контролата. Не игравме онака како што посакувавме, па имавме повеќе проблеми од вообичаено“, додаде Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Очоа заминува во пензија по кариера долга две децении!

Славниот мексикански голман Гиљермо Очоа објави дека ја завршува својата професионална кар…