
Последните два круга од трката за Големата награда на Сингапур беа вистински кошмар за возачот на Ферари, Луис Хамилтон, кој поради начинот на кој ја заврши трката беше казнет и падна на осмото место.
Хамилтон, на два круга пред крајот, беше на седмата позиција и имаше повеќе од 40 секунди предност пред Фернандо Алонсо, кога пријави дефект на кочницата преку тимското радио.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Од тој момент, Алонсо почна да ја намалува неговата предност, но на крајот Хамилтон успеа да заврши пред него со само 0.4 секунди предност.
Но, по завршување на трката, Хамилтон доби пет секунди казна и падна на осмата позиција. Во службеното објаснување беше наведено дека ги сечел свиоците без валидна причина.
The moment Lewis Hamilton loses his brakes while chasing Antonelli. You can see the left front sparking up.
— deni (@fiagirly) October 5, 2025
“Lost my brakes. Lost my left front.” pic.twitter.com/9O5PSHSdRB
Гледачите во телевизиски пренос не можеа да ја следат драмата низ која мина Хамилтон, но подоцна преку снимките од „онборд“ камерата во неговиот болид, јасно се гледаше моментот кога предната лева кочница на неговото Ферари експлодираше, во мигот кога го бркаше петиот Антонели.
И покрај дефектот, Хамилтон продолжи да вози и сечеше свиоци, што очигледно беше единствениот начин да стигне до целта.
That’s how Hamilton kept P8 today 😭😂pic.twitter.com/kKIIp2vsF7
— Cytrus 🍋 (@cytrusf1) October 5, 2025