Дома Моторспорт Хамилтон пристигна во Маранело: Ферари господски го претстави (Фото)

Хамилтон пристигна во Маранело: Ферари господски го претстави (Фото)

Еден од најдобрите возачи на Формула 1 на сите времиња, Луис Хамилтон, денеска официјално стигна во Маранело каде што со Ферари ќе се подготвува за новата сезона, а фотографијата што ја објави италијанскиот тим „го сруши интернетот“.

Хамилтон уште пред една година ја изненади јавноста со објавата дека нема да остане во Мерцедес, како што се очекуваше, и дека кариерата ќе ја продолжи во Ферари.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Британецот имаше три сезони за заборав со германскиот тим и очигледно сфати дека ни во следните години нема да има конкурентен болид за осмата титула светски првак, поради што одлучи да го промени тимот.

Хамилтон го прифати повикот на Ферари и реши да потпише за италијанскиот тим, што е еден од најголемите трансфери во овој спорт што сме го виделе.

Навивачите на Ферари со нетрпение чекаат да го видат Хамилтон во црвениот комбинезон и болид на легендарниот тим, а тој ден се’ е поблиску.

Хамилтон денеска официјално стана дел од екипата на Ферари бидејќи отпатува во Маранело на почетокот на подготовките за новата сезона и наскоро ќе го видиме во црвениот болид.

Ферари објави фотографија на Хамилтон како позира покрај болидот на Ферари во нивната фабрика, каде што пристигна во величествено издание.

Оваа фотографија предизвика воодушевување и целосен метеж на социјалните мрежи.

За време на престојот во Маранело, Хамилтон прво ќе помине некое време во симулаторот, каде што ќе го тестира новиот болид и ќе и помогне на екипата во неговиот развој.

Што се однесува до неговото прво возење во болидот на Ферари, истото е планирано во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

„Бомба“ во Формула 1: Верстапен добил понуда од милијарда фунти?!

Астон Мартин сака да го доведе Макс Верстапен (27) и планира да му понуди договор вреден м…