Дома Фудбал Халанд го призна она што сите го мислат за Манчестер Сити оваа сезона

Халанд го призна она што сите го мислат за Манчестер Сити оваа сезона

Ерлинг Халанд призна дека неговиот Манчестер Сити игра „катастрофална сезона“ и го изнесе своето мислење за тоа што не беше во ред во клубот.

Сити ја загуби титулата уште есента, и тоа по четиригодишната доминација во Премиер лигата. Во Лигата на шампионите беа елиминирани прелесно во осминафиналето од Реал Мадрид, од Лига купот на Англија го исфрли Тотенхем, а шанса за трофеј ќе имаат во ФА купот, каде што го чека во финлето на „Вембли“ ќе играат против Кристал Палас.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Халанд смета дека неговиот тим во текот на сезоната не покажал доволно „глад“, но најавува дека ќе се обиде да го промени тоа веќе во следната сезона.

Можете да барате изговори за сето ова, повреди, многу повреди и тоа во лоши моменти. Но, на крајот, не игравме доволно добро“, рече норвешкиот центарфор за “Дејли Мејлl” и додаде:

„Немавме таа глад во себе. Јас не бев доволно добар, не помогнав доволно на тимот. Клубот постави високи стандарди, летвичката е исклучително високо, и тоа значи дека ова е катастрофална сезона. Тоа ви кажува се. Следната сезона мораме повторно да најдеме нешто во стомакот, да ја нападнеме сезоната“, рече Халанд.

Халанд сезонава постигна 30 гола во 41 натпревар во сите натпреварувања.

Сити во последните две кола ќе се обиде да избори пласман во Лигата на шампионите и моментално е во добра позиција да го стори тоа.

Фото: Manchester City/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…