Дома Фудбал Гвардиола воодушевен од Барса и Интер: Кога играте вака, стадионите никогаш нема да бидат празни!

Гвардиола воодушевен од Барса и Интер: Кога играте вака, стадионите никогаш нема да бидат празни!

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити Пеп Гвардиола денес изјави дека е горд на играта на неговиот поранешен клуб Барселона и дека стадионите се полни поради натпревари како оној во полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу овој шпански клуб и Интер.

Барселона на својот терен одигра нерешено 3:3 против Интер, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, еден од најинтересните натпревари оваа сезона во ова натпреварување.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Бев изненаден колку беше убав натпреварот. Благодарение на ваквите натпревари, стадионите никогаш нема да бидат празни и нашата работа ќе расте. Можам само да бидам благодарен за двете полуфиналиња, и двете беа извонредни, особено вчерашното. Кога играте како Барселона, стадионите никогаш нема да бидат празни и од тоа можеме долго да живееме. Резултатите не се важни, ние што ја сакаме Барселона можеме да бидеме многу горди“, изјави Гвардиола, пренесе Мундо Депортиво.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oливие Жиру пред изненадувачки трансфер – се враќа во Европа!

Познатиот француски фудбалер, Оливие Жиру (38), е на чекор да се врати во својата татковин…