Дома Фудбал Гвардиола отпишал уште еден фудбалер: Јасно му стави до знаење дека не смета на него

Гвардиола отпишал уште еден фудбалер: Јасно му стави до знаење дека не смета на него

Пеп Гвардиола (54) му даде до знаење на Бернардо Силва дека нема да смета на него во наредната сезона, пренесуваат англиските медиуми. Силва веќе некое време беше еден од главните кандидати за напуштање на Етихад ова лето, а сега се чини дека официјално се ближи разделбата.

Англиските медиуми ги пренесоа тврдењата на белгискиот новинар Саша Таволиери, кој тврди дека Гвардиола одржал состанок со Силва и јасно му нагласил дека не смета на него наредната сезона и дека е време да го напушти клубот. Силва изразил желба да се врати во матичниот клуб, Бенфика и Сити ќе се обиде да го осигура тој трансфер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Силва дојде во Сити во јули 2017 година од Монако за 50 милиони евра. Во дресот на Манчестер одигра 397 натпревари, постигна 69 голови и сподели 71 асистенција. Беше шампион на Англија шест пати, а во богатата ризница со трофеи од Сити се издвојува оној од Лига на шампиони за сезоната 2022/2023.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го претстави аргентинскиот „бисер“: Ова е остварување на сонот

Откако конечно беше претставен како фудбалер на Реал Мадрид, Франко Мастантонуоно одржа сп…