
Манчестер Сити ја игра својата најслаба сезона откако Пеп Гвардиола стана менаџер на тимот. Шпанецот не поднесува порази, па затоа одлучил да донесе големи засилувања во летниот преоден рок и да се врати на врвот.
Пеп Гвардиола не сака и следната сезона да биде надвор од четирите најдобри тима во Англија. Катастрофалната сезона е зад неговиот тим, најлоша откако пристигна во клубот, па веќе следната сезона сака да ги исправи сите грешки.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Според најавите од Островот, Сити ќе настапи агресивно на летниот трансфер-пазар и се подготвуваат навистина спектакуларни засилувања.
„Граѓаните“ во своите редови сакаат играчи со кои веднаш ќе се вратат во борбата за титулата, а на списокот на желби на Пеп Гвардиола се наоѓаат имиња на големи ѕвезди.
Флориан Вирц се гледа како замена за Кевин де Брујне. За него, Сити ќе мора да издвои дури 150 милиони евра.
Напаѓачкиот дел на тимот би можел да биде засилен и со ѕвездата на Барселона, Рафинја. Според „Ел Насионал“, „граѓаните“ се подготвени да платат за него дури 80 милиони евра.
Средниот ред на Сити би можел да добие уште едно бразилско засилување – првата желба е Бруно Гимараеш, кој игра одлично во дресот на Њукасл.
Овој фудбалер исто така би можел да чини околу 100 милиони евра, па јасно е дека на тимот од „Етихад“ ќе му биде потребен сериозен буџет за засилувања.
Покрај големите имиња, Гвардиола во својот тим сака да го види и левиот бек на Тотенхем, Дестини Удоги, кого го смета за идеален за неговата екипа.
Фото: Manchester City/FB