
Јамајканскиот напаѓач Мејсон Гринвуд имаше извонредна сезона во дресот на Олимпик Марсеј, завршувајќи како најдобар стрелец во Лига 1 покрај Осман Дембеле.
Не е потребно да се нагласува колкавиот потенцијал имаше Мејсон уште кога како младинец го носеше дресот на Манчестер Јунајтед. На “Олд Трафорд” го славеа со право, но исто така го критикуваа за настаните надвор од теренот поради обвинувањата за силување и физички напад на поранешната своја партнерка.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Од тогаш, неговата кариера доби сосема поинаков тек од предвидуваниот. Беше предмет на заслужени критики, ја напушти Англија и замина за Шпанија каде потпиша за Хетафе. Обновувајќи ја кариерата во предградие на Мадрид, Мејсон Гринвуд го прифати повикот од Роберто де Зерби и Олимпик Марсеј, па минатото лето се пресели во овој француски пристаништен град во трансфер вреден над 30.000.000 евра.
Постигна дури 21 гол во својата прва сезона, а можеше да бидат и повеќе доколку се посветеше целосно. Тренерот Роберто де Зерби неколкупати го критикуваше, а сепак го пофали и неговиот извонреден талент. Сега истото го прави и неговиот соиграч Адриен Рабио, кој го споредил Гринвуд со Џуд Белингем, нагласувајќи дека е само имиџот на Гринвуд што го спречува да достигне врвови.
“Да немаше сите тие проблеми, сметам дека ќе имаше имиџ како Џуд Белингем. Мејсон би бил ѕвезда. Тој е неверојатен играч. Може да постигнува голови со десната, левата. Има одличен шут, може да дрибла… Многу сме среќни што го имаме. Кога е навистина фокусиран, може да оствари големи работи”, изјави Рабио.
Фото: Marseille FC/X