Дома Фудбал Готово: Ветеранот Вилијан има нов клуб!

Готово: Ветеранот Вилијан има нов клуб!

По втор и веројатно последен пат, искусниот крилен фудбалер се врати во татковината.

Овој пат, 37-годишникот облече дрес на Гремио, тим од Порто Алегре кој се наоѓа на 13. позиција во бразилската Серија А. Таму ќе му се придружи на Артуро Мело и Мартин Брајтвајт, поранешните играчи на Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Некогашниот играч на Челзи и Арсенал летово доби слобода да избере нова средина, бидејќи му истече договорот со екипата на Фулам. Тој на Крејвен Котиџ помина две и пол години, со кратка епизода во Олимпијакос.

Стана јасно дека некогашниот брзоног фудбалер веќе нема физичка подготвеност да го одржи својот препознатлив стил на игра, па сосема природно е што се одлучи за враќање во Јужна Америка и завршување на успешната кариера.

Вилијан веќе еднаш од Лондон се врати во Бразил, кога во 2021 година од редовите на „топчиите“ премина во својот младински клуб Коринтијанс. По само една сезона повторно се врати во престолнината на Англија, но сега изгледа дека дефинитивно е завршена неговата епизода во Европа.

Вилијан во својата кариера настапуваше и за Шахтјор и Анжи од Махачкала, а во текот на седумте години на Стамфорд Бриџ освои две титули во Премиерлигата, Лигата на Европа, ФА купот и Лига купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн објави рекорден приход, претседателот ја задржа функцијата

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден приход од речиси 1 милијарда ев…