Дома Фудбал Готово: ПСЖ договори големо засилување по мерка на Луис Енрике!

Готово: ПСЖ договори големо засилување по мерка на Луис Енрике!

Луис Енрике го оствари своето, стоперот Илија Забарњи ќе биде новиот член на Пари Сен Жермен.

Од почетокот на летото беше јасно дека Берналдо нема да има место во тимот на Пари Сен Жермен, па така Енрике го идентификуваше овој извонреден украински фудбалер како идеална замена и дополнително засилување во одбраната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Забарњи имаше одлична сезона, играјќи во тандем со Дино Хусен.

Како што се случи и со младиот Шпанец, и Украинецот ќе донесе значаен приход во Бормут, бидејќи ПСЖ ќе плати веднаш 63.000.000 евра, со додатни бонуси до целосни 70.000.000. 

Забарњи веќе ги договори личните услови, и неговата желба беше трансферот во ПСЖ, што значи дека одбраната на тимот од Париз сега е уште поцврста.

Се очекува наскоро да се реши и прашањето за голманската позиција, откако Лука Чевалие ќе пристигне од Лил, веднаш штом Џанлуиџи Донарума одлучи во кој клуб ќе продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рагник постави услови на челниците на Милан за да ја прифати понудата

Челниците на Милан Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ отпатуваа во Виена за да преговараа…