
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски одлучи да остане верен на Барселона. Полјакот ќе ги одбие примамливите понуди од Саудиска Арабија и САД, прифаќајќи многу пониска плата за да продолжи својата кариера во каталонскиот клуб.
Без оглед на атрактивните понуди од Саудиска Арабија и американската МЛС лига, легендарниот напаѓач се реши да остане во Барселона, дури и за значително помал надомест.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Изгледа 37-годишниот Левандовски смета дека заработил доволно и не му требаат егзотични авантури на крајот од кариерата. Подготвен е уште една сезона да биде дел од Барселона и да игра на највисоко ниво.
Без дилеми, неговата одлука е конечна и сега топката е кај Барса. Каталонците активно бараат нов напаѓач, но оваа перспектива се менува со неговата подготвеност да игра за минимални услови.
“Иако има понуди од Саудиска Арабија и МЛС, Левандовски приоритет дава на останување во Барселона,” известува каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ и додава:
“Спремен е да ја намали платата и да прифати улога на ротациски играч за да остане во клубот. Сепак, клубот ќе ја има последната одлука.”
Барселона неодамна го одби трансферот за Душан Влаховиќ како нова “деветка”. Се размислува за доаѓање на Хулиан Алварез, што е друга опција, но навистина е тешко да се најде играч како што е Левандовски.
Со оглед на тоа што планираат голем напад на Ерлинг Халанд, останувањето на Левандовски за следната сезона е доста можно бидејќи се очекува “нападот” на норвешката ѕвезда во летото на 2027 година, подготвени со полни буџети.
Левандовски ќе наполни 38 години следното лето. Изгледа дека сеуште има енергија за уште една сезона на врвот и е подготвен да биде од корист на Барселона.
<