Дома Фудбал Господски потег на Гатузо по ремито со Ријека

Господски потег на Гатузо по ремито со Ријека

Џенаро Гатузо повторно одлучи да ја почести целата екипа на Хајдук, како и тимот и сите кои работат во рамките на првиот тим, така што во понеделник ги одведе на вечера во еден сплитски ресторан. На вечерата присуствуваа играчите и нивните партнерки, претседателот Иван Билиќ и спортскиот директор Франсоа Витали, како и сите членови на тимот почнувајќи од помошниците тренери па до физиотерапевтите и оружарите.

Ова не е првпат Гатузо да ги почести своите играчи и соработници. На пример, по победата над Динамо на Максимир, на секој играч му купи iPhone.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Им вети награда и ако победат против Горица во 16-то коло, но таму претрпеа пораз со 1:0. Иако Хајдук ни минатиот викенд не победи, туку одигра 2:2 со Риека, Гатузо овојпат сепак ги почести сите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба за три месеци ќе се врати во форма и ќе биде – страв и трепет за ривалите

Спортскиот директор, Тијаго Скудо, верува дека Пол Погба може да се врати во добра физичка…