Дома Фудбал Голот на Џани во конкуренција за најдобар на колото!

Голот на Џани во конкуренција за најдобар на колото!

Македонската фудбалска репрезентација успеа да извлече значаен бод против силната селекција на Белгија во рамки на третото коло од квалификациите за Светското првенство, откако на домашен терен во Скопје ремизираше со резултат 1-1.

Големата радост на „Тодор Проески“ дојде во финишот од натпреварот, кога Езѓан Алиоски во 86. минута ја затресе мрежата на Белгијците и донесе ерупција од емоции на трибините. Убавината на погодокот не остана незабележана – голот на Алиоски е номиниран за најубав погодок на колото во овие квалификации.

Во конкуренција за ова престижно признание, покрај нашиот репрезентативец, се наоѓаат и мајсториите на Антонио Нуса од Норвешка, Адам Хложек од Чешка и искусниот Иван Перишиќ од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…