Дома Фудбал Голман на Реал Мадрид брутално нападна ривал – сите бараат да биде отстранет од фудбалот (Видео)

Голман на Реал Мадрид брутално нападна ривал – сите бараат да биде отстранет од фудбалот (Видео)

Тепачките се составен дел од многу екипни спортови, но ова навистина ја премина секоја граница. Доказ за тоа е последниот случај на ужасен потег од голманот на Реал Мадрид на младинскиот натпревар против Селта Виго.

Јасно е дека удар во тилот или во главата од зад грб, строго е забранет дури и во повеќето борбени спортови, а не пак во фудбалот.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Тоа е непишан кодекс и никој не сака да го загрози нечиј живот, ниту да направи нешто кое би оставило трајни последици по нечие здравје.

Сепак, за тоа не слушнал гореспоменатиот дечко кој го носи дресот на Реал Мадрид, а кого сега многумина сакаат да го отстранат од фудбалот.

Фото: Принтскрин

Коментари