Во пресрет на почетокот на пролетната полусезона Беласиц во последниот ден од преодниот рок се засили со квалитетен и искусен играч со меѓународно искуство .
Бојан Најденов (1991) е играч од средината на теренот и ќе претставува огромно освежување во нашиот ростер и ќе внесе дополнително искуство во нашиот млад тим.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тој последните 6 месеци беше дел од македонскиот фудбал како член на екипата на Кожув,а претходно беше дел и од повеќе наши прволигашки екипи, а градеше интернационална кариера и во повеќе клубови низ Европа.