Дома Фудбал Големи вести за Реал. Англиската ѕвезда на прагот на потпис за кралскиот клуб

Големи вести за Реал. Англиската ѕвезда на прагот на потпис за кралскиот клуб

ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (26) е на чекор од трансфер во Реал Мадрид. Англискиот репрезентативец скоро сигурно заминува од Ливерпул на крајот на сезоната, а само е прашање на момент кога преминот во Реал ќе стане официјален.

Германскиот Скај Спорт известува дека Реал е многу близу до договор со Александар-Арнолд и дека самиот играч е склон кон премин во мадридскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Александар-Арнолд би се придружил на Реал откако ќе му истече договорот во јуни оваа година. Тоа би била одлична зделка за Реал бидејќи според Tрансфермаркт, вредноста на Англичанецот е 75 милиони евра, а нема да мораат да платат оштета на Ливерпул, кој би можел да доживее катастрофа бидејќи се блиску до заминување Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах.

Александар-Арнолд одигра 349 натпревари за Ливерпул, постигна 22 голови и 87 пати асистираше. Помина низ академијата на Ливерпул и брзо се наметна како еден од најдобрите десни бекови во Премиер лигата. Познат е по своите извонредни технички вештини, прецизни центаршутови и способност за постигнување голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија доби тешка група во Лигата на Нации!

Денеска во Брисел беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на Нации во која Македо…