Дома Останати Кошарка Голем скандал ја тресе НБА поради Јанис Адетокумбо?!

Голем скандал ја тресе НБА поради Јанис Адетокумбо?!

Невиден скандал ја тресе НБА лигата, откако според зборовите на познатиот инсајдер, Шамс Чаранија од „ЕСПН“, е отворена истрага против Милвоки поради сомневање дека давале лажни податоци за здравствената состојба на најголемата ѕвезда на овој тим, Јанис Адетокумбо.

Како што наведува Шамс Чаранија, се истражува зошто информациите кои доаѓаат од тимот на Милвоки се неконзистентни со тие што ги давал самиот кошаркар при разговорите. Се наведува и дека челниците на НБА разговарале со лекарите, самиот Јанис, но и со претставниците на Бакс.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како причина поради која е започната истрагата, се наведува дека приказната што ја споделил Адетокумбо е сосема различна од онаа што ја дале самите Милвоки Бакс.

Поточно, Милвоки информирале НБА дека веруваат дека Јанис не е подготвен да се врати на теренот и да почне да игра, додека од друга страна, грчкиот кошаркар информирал НБА дека сака да игра, но дека медицинскиот тим не сака да го пушти да излезе на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок за Лејкерси. Дончиќ се тешко повреди, еве колку ќе отсуствува

ЛУКА ДОНЧИЌ (25), најдобриот играч на ЛА Лејкерс и водечки стрелец во НБА лигата, претрпе …