Дома Фудбал Голем проблем за Флик пред финалето на Кралскиот куп со Реал

Голем проблем за Флик пред финалето на Кралскиот куп со Реал

Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, доживеа повреда на задната ложа поради која ќе мора да паузира меѓу две до три недели.

Тој излезе од игра на победата над Леганес, кога го замени Џерар Мартин, а тестовите покажаа повреда на ложата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Иако Барселона не прецизира колку ќе мора Балде да паузира, добро информирани извори откриваат дека ќе биде надвор од конкуренција меѓу 15 и 20 дена, така што моментално се мали шансите да биде подготвен за финалето на Кралскиот куп со Реал, кое е закажано за 26 април.

Балде сигурно ќе го пропушти реваншот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, како и натпреварите во лигата со Мајорка и Хетафе, а сосема е извесно дека ќе биде целосно подготвен за првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер или Баерн на 29 или 30 април.

Балде е еден од најстандардните кај Ханси Флик, оваа сезона одигра дури 43 натпревари со учинок од еден гол и дури 10 асистенции.

Фото: Барселона/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри е фаворит за тренерската позиција во Милан

Поранешниот тренер на Милан, Масимилиано Алегри, е фаворит да се врати на чело на “р…