Дома Фудбал Голем проблем за Артета: Заврши сезоната за напаѓачот на Арсенал

Голем проблем за Артета: Заврши сезоната за напаѓачот на Арсенал

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда која ја заработи.

Само што се опорави, постигна шест гола за еден месец за „Топчиите“ и се врати во стартниот состав, Бразилецот доживеа нова повреда на натпреварот од ФА Купот против Манчестер Јунајтед.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој ги повреди вкрстените лигаменти на левото колено и ќе мора да мирува до крајот на сезоната.

Жесус веќе имаше проблеми со повреда на коленото, особено во Арсенал. Вкупно, тој пропушти 27 натпревари поради овие повреди помеѓу декември 2022 и февруари 2024 година.

Откако му се приклучи на Арсенал во летото 2022 година, Жесус пропушти вкупно 35 натпревари поради различни повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човекот кој имаше чудно „проклество“ му кажа збогум на фудбалот!

Арон Ремзи, еден од најзначајните фудбалери во историјата на велшката репрезентација и игр…