Дома Останати Ракомет Голем настан во Македонија: Ќе бидеме домаќини на Мундијал!

Голем настан во Македонија: Ќе бидеме домаќини на Мундијал!

Нашата земја, заедно со Скопје, следната година ќе биде домаќин на уште едно големо натпреварување – Светското првенство за ракометари до 21 година. На турнирот ќе продефилираат најдобрите млади таленти од целиот свет, кои ќе се борат за планетарниот трофеј и ќе ја донесат светската ракометна елита во македонската престолнина.

Од Ракометна федерација на Македонија истакнуваат дека продолжуваат со интензивна работа во насока на развој и дополнителна афирмација на ракометот, но и со јакнење на имиџот на државата како сигурен организатор на врвни меѓународни спортски настани. Воедно, тие упатија благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за довербата и можноста Македонија повторно да добие организација на едно вакво значајно светско првенство.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Турнирот е планиран да се одржи од 23 јуни до 4 јули 2027 година, период во кој Скопје ќе живее во знакот на ракометот и младинската енергија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Oхрид го доби грчки противник во четвртфиналето на ЕХФ купот!

Ракометниот клуб Охрид се пласираше четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ откако ја елим…