Дома Фудбал Голем хендикеп за Барселона. Завршена сезона за одличниот играч за врска

Голем хендикеп за Барселона. Завршена сезона за одличниот играч за врска

МАРК КАСАДО (21), дефанзивен играч за врска на Барселона кој поради повреда беше заменет за време на првенствениот дерби натпревар против Атлетико во кој Барса победи (4:2), нема да игра до крајот на сезоната.

Барселона соопшти дека сериозно ги повредил лигаментите на десното колено. Фабрицио Романо додава дека клубот и стручниот штаб се уверени дека за Касадо завршува сезоната 2024/25.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ова е голем хендикеп за Барселона бидејќи младиот Касадо оваа сезона стана дел од почетниот состав. Тој одигра 36 натпревари на кои постигна еден и асистираше за шест гола. Поради одличните игри за Барселона оваа сезона, Касадо стана и репрезентативец на Шпанија, а сега Барса ќе мора без него во завршницата на сезоната во која се бори за Ла Лига, Купот и Лигата на шампионите.

Касадо е дете на Барселона, кое го има поминато разработниот центар на клубот, Ла Масија. Оваа сезона дефинитивно беше промовиран во првиот тим. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се приближува до враќањето дома и најави отворен тренинг на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“

Од Барселона официјално најавија дека првиот тим ќе одржи отворен тренинг на „Спотифај Кам…