Дома Тенис Ѓоковиќ во лоша позиција пред Вимблдон: Секој поен е од златна вредност!

Ѓоковиќ во лоша позиција пред Вимблдон: Секој поен е од златна вредност!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е во прилично неповолна позиција на новообјавената АТП листа, бидејќи по завршувањето на Ролан Гарос падна на седмото место со 3.760 поени. Тоа само по себе не е толку страшно, бидејќи нашиот ас веќе изјави дека ова не му значи многу, но сепак може да закомплицира работите на Вимблдон.

Имено, Новак е на истиот број поени како и Данил Медведев, кој е осмопласиран, додека Тејлор Фриц е деветти и има само 40 поени помалку. Близу е и Флавио Коболи, финалистот на Ролан Гарос, кој се искачи на 10-то место со 3.540 поени.

Ѓоковиќ во однос на листата пред Ролан Гарос загуби дури 700 поени, бидејќи не успеа да го одбрани полуфиналето кое го одигра минатата година. Зошто ситуацијата сега е толку комплицирана?

Ако Новак не се реши да игра на некои од турнирите пред Вимблдон, како што се Квинс, Хале и слични, Ѓоковиќ би можел да падне дури и на десетто место на АТП листата, а тоа повлекува со себе и некои други работи, како што е можноста да се сретне со некој од првите четири носители веќе во четвртиот круг, односно осминафиналето!

Бидејќи Карлос Алкараз го пропушта и Вимблдон поради повреда, тоа фактички значи дека само Јаник Синер, како и новиот шампион на Ролан Гарос, Александар Зверев, можат да го почекаат Новак веќе во осминафиналето. Останува да се види кои би биле преостанатите носители на врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…