Дома Останати Тенис Ѓоковиќ победи на првиот меч во Австралија: Се шегуваше со навивачите, но и со американскиот тенисер (Видео)

Ѓоковиќ победи на првиот меч во Австралија: Се шегуваше со навивачите, но и со американскиот тенисер (Видео)

Многу малку останува до почетокот на првиот Гренд слем турнир во годината, познатиот Австралијан опен, каде што повторно ќе го следиме Новак Ѓоковиќ, кој ќе се обиде да дојде до 11. трофеј на овој турнир, со што би создал нови страници на историјата.

Новак Ѓоковиќ го доби жребот, дозна дека во евентуалното полуфинале ќе игра против Јаник Синер, додека во финалето ќе го чека Карлос Алкараз. Дека е лесно – не е. Секојако, не можеше ни да се очекува да биде, но вистинското прашање е во каква форма се наоѓа српскиот тенисер, истовремено и најдобриот на сите времиња.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ веќе напушти еден тренинг предвреме, односно, по само 12 минути кога почувствуваше изразено остар бол во вратот, додека 24 часа подоцна излезе на терен во егзибициски меч.

Србинот влезе во дуел со Франсис Тиафоу, младиот Американец, каде што покажа класа.

Едноставно, Ѓоковиќ во овој меч што не беше со полн интензитет успеа да дојде до убедлива победа од 2:0, по сетови 6:3, 6:4, и така покажа дека е спремен за Австралија, но дека веројатно ќе мора да го штеди своето тело на тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка запросена, реагираше и Ѓоковиќ! (Видео)

Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, го кажа судбоносното “да” на св…