Дома Фудбал Ѓокереш ги смирува навивачите: Арсенал оди кон титулата, но нема опуштање”

Ѓокереш ги смирува навивачите: Арсенал оди кон титулата, но нема опуштање”

Виктор Ѓокереш одлучи јавно да зборува за потенцијалната титула со Арсенал оваа сезона. Изјава која можеби нема да им се допадне на дел од навивачите на Топџиите.

Напаѓачот на Арсенал Виктор Ѓокереш се огласи повод големата борба за титулата првак на Англија и јасно порача дека во екипата на лондонскиот клуб нема место за еуфорија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Швеѓанецот нагласи дека фокусот е исклучиво на секојдневната работа и постојаниот напредок, без оглед на моменталната добра позиција на табелата.

„Секогаш настојувам во секој натпревар да го дадам максимумот. Дојдов во нов клуб, што носи со себе обврска за адаптација, системот на игра, улогата на теренот и барањата на тренерот. Тој е процес кој бара време и трпение“, истакна Ѓокереш во разговор за англиските медиуми.

Арсенал, според неговите зборови, моментално изгледа многу стабилно, како во Премиер лигата, така и во Лигата на шампионите. Резултатите го потврдуваат тоа, но шведскиот напаѓач предупредува дека сезоната сѐ уште трае и дека вистинските предизвици допрва ќе дојдат.

„Во овој момент играме добро и постигнуваме одлични резултати. Нашите позиции во домашното првенство и во Европа се многу добри, но тоа ништо не значи ако не продолжиме да работиме на истиот начин. Континуитетот е клучот“, додаде Ѓокереш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николов: Тука сме да ја изненадиме Данска, притисокот е на нивна страна!

Maкедонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за Светското првенство, а…