Дома Фудбал Германските медиуми убедени: Милер донел одлука!

Германските медиуми убедени: Милер донел одлука!

Како што известуваат дел од германските медиуми, оваа сабота е прилично веројатно дека ова лето минхенски Баерн ќе го напушти 35-годишниот Томас Милер, најдолговечниот фудбалер на баварскиот клуб. Во последно време раководството на Баерн преговараше со неговиот тим за потенцијално продолжување на соработката, но досега ниту еден разговор не завршил позитивно и медиумите наведуваат дека Милер е сосема блиску до заминување од Алијанц Арена.

Се спомнува и МЛС лигата како негова нова дестинација бидејќи за спортска пензија фудбалерот сè уште не размислува. Милер ја мина фудбалската школа на Баерн од 2000 до 2007 година. Потоа за вториот тим на Баерн настапуваше за време на 2007 и 2008 година, по што беше приклучен на првиот тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вкупно за Баерн одиграл дури 495 лигашки натпревари, а постигнал 150 голови. Оваа сезона најчесто влегува во игра од клупата за резерви, а вкупно во сите натпреварувања постигнал пет голови со пет асистенции. За репрезентацијата на Германија има 131 настап со 45 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е најдобриот гол од почетокот на сезоната – го лобуваше голманот на Партизан од 30 метри!

Партизан на свој терен претрпе пораз од 2:0 против шкотскиот Хиберниан во првиот натпревар…